Најава
Корисничко име  
Лозинка  
 
Ја заборавив лозинката
Регистрирај се

 

Систем за квалификација на добавувачи

Главната цел на Македонски Телеком АД е да соработува со добавувачи кои индиректно ќе придонесуваат за остварување на целите на Македонски Телеком АД односно задоволување на потребите на нашите корисници на повисоко ниво а преку обезбедување на квалитетни производи/услуги и запазување на роковите за истите.
За да се постигнат овие цели Македонски Телеком АД има воведено квалификационен систем за добавувачи кој се заснива на оценка за нивното работење во рамките на испорачани производи или извршени услуги од техничка,економска и квалитативна гледна точка, а со цел идна заедничка соработка на подолг рок.

 
 Претквалификација учествува со 30% додека постквалификација со 70% во резултатите од квалификацијата на добавувачот.
  • Прва фаза: Претквалификација
    Претквалификацијата се базира на оценка на податоците дадени во прашалникот. Врз основа на одговорите од прашалникот Македонски Телеком АД ќе изврши класификација на добавувачите согласно однапред одредени критериуми.
  • Втора фаза: Постквалификација
    Процедурата за постквалификација се базира на оценката на изведбата на испорачаните производи односно извршените услугите од аспект на квалитетот на истите и испорака во бараниот рок.
Врз основа на сумарните резултати од претквалификација и постквалификација, компаниите се рангираат како „Квалификувани“ - “А”, “Б” или “Ц” или “Не се препорачуваат”: - “Д”.  
 
 
Категории и соодветни поени:            

А – Високо се препорачува
100-91 поени
Б – Се препорачува
90-71 поени
Ц – Применливо
70-51 поени
Д – не се препорачува
50 и помалку поени

 
Во првиот квартал на секоја календарска година, Секторот за набавки, логистика и недвижности испраќа известувањето до сите квалификувани добавувачи за нивното рангирање од претходната година.

Со цел да извршиме точна оцена на прашалникот Ве молиме да ни доставите точни и вистинити податоци, во рамките на апликацијата во делот претквалификација. 

Доколку прашалникот го доставувате по пошта имате можност да го симнете тука (линк)

Процесот на ажурирање на финансиските информации се врши во текот на една календарска година започнувајќи од 01 Јануари до 31 Декември тековната година.
Македонски Телеком АД ќе Ве информира еднаш во годината за резултатите добиени во процесот на квалификација на добавувачите,.

На сите прашања со задоволство ќе Ви одговориме на нашиот контакт е-мајл ask.procurement@telekom.mk или на телефонските броеви +389 2 3242 245/ 2 3242 239

 

 
Вести набавки:
Известување за Централниот магацин 06.12.2016 10:56:46

Почитувани добавувачи,

Би сакале да Ве информираме дека Централниот магацин на Македонски Телеком АД Скопје  лоциран во просториите на “Квенбергер Логистикс Македонија” Мултифункционална зона Ќојлија  на адреса  Ул. 9 бр.4, 1043 Петровец – Скопје, ќе биде затворен за работа на ден Петок, 09.12.2016 заради спроведување на редовниот, законски пропишан, годишен попис на материјали на залиха.


Известување09.02.2016 14:32:05

Почитувани Добавувачи,

Македонски Телеком АД Скопје Ве информира дека почнувајќи од 15-ти февруари 2016 година, централниот магацин ќе функционира од нова локација во просториите на “Квенбергер Логистикс Македонија” Мултифункционална зона Ќојлија на  Ул. 9 бр.4, 1043 Петровец – Скопје.


Известување за централниот магацин “Маџари” 30.11.2015 10:47:26

Почитувани добавувачи,

 

Би сакале да ве информираме дека редовниот, законски пропишан, годишен попис на материјали на залиха е завршен и дека на ден 30.11.2015 Централниот магацин на Македонски Телеком АД Скопје Маџари”  лоциран на адреса Перо Наков бб. е повторно отворен за работа.


Известување за централниот магацин “Маџари” 23.11.2015 09:48:29

Почитувани добавувачи,

Би сакале да ве информираме дека Централниот магацин на Македонски Телеком АД Скопје Маџари”  лоциран на адреса Перо Наков бб., ќе биде затворен за работа во периодот од 27.11.2015 до 30.11.2015 поради спроведување на редовниот, законски пропишан, годишен попис на материјали на залиха.


Известување за централниот магацин Маџари19.11.2013 14:24:51
Почитувани добавувачи,
 
Би сакале да ве информираме дека поради редовниот, законски пропишан, годишен попис на материјали на залиха, Централниот магацин во Маџари ќе биде затворен за работа во петок, 22.11.2013 година.

Почитувани добавувачи,15.11.2011 13:21:27

Би сакале да ве информираме дека поради редовниот, законски пропишан, годишен попис на материјали на залиха, Централниот магацин во Маџари ќе биде затворен за работа во период од петок, 18.11.2011 до среда, 23.11.2011 година.


Известување за магацин Маџари17.11.2010 14:08:30

 

Почитувани добавувачи,
 
Би сакале да ве информираме дека поради редовниот, законски пропишан, годишен попис на материјали на залиха, Централниот магацин во Маџари ќе биде затворен за работа во период од петок, 19. 11.2010 до среда, 24.11.2010 година.

Известување за Централниот магацин Маџари23.12.2009 09:33:53

Магацинот нема да работи за новогодишните и бозиќните празници.


Добродојдовте на веб сајтот на областа за набавки 14.12.2009 12:15:31
Со задоволство Ве известуваме дека новиот веб сајт на набавки нуди можности на сите заинтересирани физички и правни лица за директно следење на Објавите за прибирање понуди, можности да дознаете за сите актуелни случувања и вести, како и он лине регистрација за да станете деловен партнер на Македонски Телеком ад-Скопје. Процесот на регистрација е едноставен и брз, и се одвива во шест чекори:
 
 
   
кон врвот Nagore © Македонски Телеком